вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 57

Ова е планот на Заев за утре- СДСМ подготвува нова измама на народот!

СДСМ и Зоран Заев за утре подготвуваат нова измама за македонскиот народ преку разни комбинаторики со кои претседателското место во македонското Собрание по изборот на Влада ќе му припадне на некој од командантите на ОНА.

Zaev-Spasovski

Имено, според информациите до кои дојдовме, планот на СДСМ е на утрешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, партискиот генерален секретар Оливер Спасовски да биде предлог за претседател на Парламентот, кој на денот на изборот на Влада ќе даде оставка.

Нашиот извор вели дека на овој начин СДСМ и Заев ќе обезбедат гаранција дека сите 67 пратеници кои му ги дадоа потписите на Заев ќе гласаат за новата Влада. Откако таа ќе биде изгласана, планот на СДСМ за измама на народот е Спасовски да се префрли на функција министер за внатрешни работи, додека претседателското место во Собранието да и’ припадне на ДУИ.

Овие комбинаторики преку кои СДСМ ќе се обиде да ги измами граѓаните значи дека претседателското место во македонското Собрание по изгласувањето на Владата ќе му припадне на некој од командантите на ОНА, со што и официјално ќе започне реализацијата на Тиранската платформа на албанскиот премиер Еди Рама во Македонија.

Утре во 12 часот во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на комисијата за избори и именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието. На седницата треба да се изберат членови на Комисијата за избори и именувања, која треба да го предложи новиот претседател на Собранието.

извор:Курир.мк

#Коментари