понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 65

Нонковиќ: ТВ Нова е таргет на обвинителска испоставеност на СДСМ

„Во Република Македонија во ликот на Тв Нова се појави еден од ретките медиуми кои навистина се обидува да биде балансиран и да известува од секоја точка на планетава“, изјави новинарот Бобан Нонковиќ за ТВ Нова во Брисел.

nonkovik

Тој истакна дека во Македонија во последниве две и пол години имаме еден вид на кампања која се тера не само политички, туку и против сите пори на општеството кој сака да ги затвори таа поранешна комунистичка номенклатура што има за цел да се врати на власт.

„Како што кажа Зоран Заев пред година дена против себе има јасно насочена цел, а тоа се медиумите, односно, дека непријателите ги гледаат во медиумите, во меѓувреме се појави и ТВ Нова која навистина зрачи во македонскиот медиумски простор и таа стана таргет бидејќи не само што балансира,  туку и секаде е присутна и известува за сите настани“, посочи Нонковиќ.

„ТВ Нова е таргет на Специјалното јавно обвинителство кое всушност е обвинителска испоставеност на СДСМ, и самите обвинители тоа не го кријат“, додаде Нонковиќ.

Извор:Курир.мк
#Коментари