вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 43

Лоба реши да си проба: „Дојди“ со мене да те повозам…! (ВИДЕО)

Македонската поп пејачка со руска крв во вените Викторија Лоба деновиве насекаде ја има. Нејзините скокотливи фотографии на кои рекламира долна облека, пижами и ноќници на еден познат македонски бренд ги преплавија порталите, социјалните мрежи, градските билборди… Нема простор и просторија, да ја нема Викторија.

Викторија не е до душа Бекам, ама сепак рекламира… А и тоа што го рекламира Викторија иако не е Сикрет, го носи на себе и е топ бренд.

Сепак руската дјевушка – блондинка не заборава и на она што и е главна работа – пеењето и песните. И уште не излезена од студиото на Билбилов, реши да се пофали со новата песна. Или поточно, Лоба реши да си проба, па ја вклучи камерата од мобилниот, Роберт ја вклучи матрицата и еве тест за публиката: Дали ќе Ви се допадне  нејзината новата песна? Викторија насмеана – распеана, композиторот задоволен, а Вие?

Веруваме и вам Ви се допаѓа на прва! Патем, Лоба има порака до тебе: „Дојди“ со мене, да те повозам…! Така барем велат насловот и стиховите на нејзиниот нов, потенцијален хит!

Многумина би дошле! Оти им се допаѓа. И песната и пејачката! Ако не верувате, погледнете и слушнете:

#Коментари