четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

По бајковитиот семеен викенд на море: Ненад Ѓорѓиевски има голем повод за славење со близнаците! (фото)

Ненад Ѓорѓиевски периодов уживаше на море со својата сопруга Горана и близначињата Иво и Љупка. Фотографиите оттаму што ги прикачи на социјалните мрежи изгледаат како вистински разгледници.

Прекрасното семејство ја отвори сезоната со престој на плажа, сончање и играње во песокот.

Веднаш по враќањето Ненад и неговата сакана имаа прекрасен повод за славење. Откако неодамна прооде Иво, сега прооде и Љупка.

Сопругата на Ненад за малата принцеза направи прекрасни колачиња „постапалки“ во розова боја со цветчиња. Очигледно атмосферата во домот на Ненад отсега ќе биде уште повесела!

#Коментари