сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 12

Позирање во просторот: Наташа Малинкова самата себе си се… „обработи“! (ВИДЕО)

Велигденско маркетинг позирање, подразголени гради во прв план и голи женски торза во позадина, ама на платната од уметничките слики… Наташа Малинкова  ги „поплави“ порталите и социјалните мрежи со фотографии… ама и со песни.

Дали во недостаток на авторска инспирација или поттикнати од позитивните критики за тоа како ги изведува туѓите песни, на расположената кавадарчанка некако најмногу и легнаа каверите.

Така, Малинкова понесена од приемот на нејзината верзија на нашата годинешна евровизиска песна „Dance alone“, набрзина реши да направи нова обработка. Само што овој пат, Наташка се „обработи“ самата себе си!Новиот кавер е всушност акустична анплагд верзија со гитара и глас, на нејзината стара песна  „Само мој“.

Снимањето, миксот, продукцијата и мастерингот му ги препушти на оној го ја придружуваше на гитара во изведбата – Столе Аврамов, кој сето тоа го изработе во студиото „Он и Оф“ во Кавадарци.

Видеото снимено во истиот оној уметнички простор, галеријата  од каде претходно објавуваше скокотливи фотографии најавувајќи ја обработката. За видеото задолжен бил Темелко Андреев.

Новата акустична верзија на „Само мој“ – подеднакво добра како и оригиналот, изведбата на Малинкова, исто така. Како и уметноста на платната! Единствено остана дилемата,  дали женскиот акт во позадина на фотографијата е насликан пред или по изведбата? И да дали е… „Само мој“?

#Коментари
[fbcomments]