четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

(ФОТО 18+) СКАНДАЛ: Општинската секретарка осамна гола на официјалниот сајт на општината!

Секретарка во Градскиот совет во Велико Трново била прикажана како од мајка
родена, пред целиот округ. Нејзините скандалозни фотографии биле поставени на официјалниот сајт на старата бугарска престолнина, каде што илјадници граѓани и туристи можеле да ги видат. Името на секретарката не било напишано, но според еден објавен пост, станува збор за одмазда. Или  поконкретно – за изнуда на пари од страна на свадбениот фотограф, како што тврдеа  некои бугарски медиуми.

Имено, таа се договорила со фотографот да и направи свадбени фотографии за одредена сума, но по свадбата, фотографот побарал значително зголемување на истата. Невестата одбила да му ја плати разликата и изјавила дека ќе го даде само однапред утврдениот и договорен износ. На неговите обиди за изнуда со закани дека располага со нејзини компромитирачки фотографии, општинската секретарка само се изнасмејала. Резултатот бил објавувањето на голите слики  во општинскиот сајт, на кои невестата позира пиштол гола, само по невестински вел и бели чорапи од тантела, а резилот бил виден од целиот град.

Скандалот избувнал на само неколку часа, бидејќи  администраторите на сајтот веднаш ги симнале фотографиите на вработената општинарка. Но, за жал предоцна, откако кадрите веќе го обиколија градот за само неколку минути. И покрај обидите да го задржат името на секретарката во тајност, веднаш се пренело од уво до уво, која е скандалозната дама. Во меѓувреме, компромитирачките фотографии станаа едни од најпрегледуваните, најсподелуваните и најкоментираните на социјалните мрежи, за несреќа на општинската чиновничка.

#Коментари