понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Не запираат навредите од СДСМ кон народот што протестира против Тиранската Платформа

Поранешниот министер за култура и портпарол на Владата на Црвенковски, Ѓунер Исмаил во вчерашната емисија на Телма телевизија, „Топ Тема“ граѓаните што протестираат со иницијативата „За Заедничка Македонија“ ги нарече така наречен народ и упати суптилна закана дека СДСМ  може да мобилизира поголема група на народ кој може да се судри со граѓаните што протестираат против Тиранската Платформа.

gjuner

-Прво нужно мора да внимаваат, да не се случи од другата страна да се појави народ, социјалдемократите ги имаат тие капацитети да мобилизираат многу народ, но народ против народ ќе биде на крајот на краиштата или така наречен народ ова што сега го гледаме нели, рече Исмаил.

Не е прв пат Ѓунер Исмаил да ги омаловажува граѓаните на Република Македонија, нејзината култура  и историја.

Ѓунер Исмаил од позиција на член на Советот за култура на СДСМ, во интервју  ТВ 24 вести од 2012 година рече :

„Социјалдемократскиот сојуз кога ќе дојде на власт планира уривање на спомениците од проектот Скопје 2014. Теоријата на францускиот клуч апсолутно ја поддржувам, особено за некои споменици, кои се навреда за нашиот вкус, кои се навреда за интелигенцијата на граѓаните. Конкретно од оној воин, сосе татко му, мајка му и роднините, па натака… сосе непропорционалниот Никола Карев пред Собранието и целата таа буљумента наспроти Собранието, која служи за потсмев“.

Ѓунер Исмаил од страна на Лустрациската комисија е прогласен за соработник на тајните служби на бившата ни држава СФРЈ. Исмаил, според решението кодошел малолетни ученици од средното трговско училиште во кое бил класен раководител. Еден од нив добил две години затвор, еден 60 дена затвор, а другите прекршочни пријави, биле избркани од училиште објави

Ѓунер Исмаил за јавноста е познат и по многуте станови и куќи што ги поседува, нешто што всушност е автентично за сите  членови на СДСМ кои располагаат со имот од по неколку милиони евра. Дел од кој стекнат и на сомнителни начини.

Имено само 6 месеци портпарол на Владата на Црвенковски во 1995 година биле доволно за Исмаил да добие државен стан на користење како државен службеник, стан кој Исмаил никогаш не го откупил, а го држел цели 16 години. Исмаил повеќепати добивал повластени понуди по кои не го откупувал станот, по што државата согласно важечките закони, од него побарала да се исели од станот.

Исмаил целиот случај го испратил пред суд, но Основниот суд пресудил во негова штета, а Апелациониот ја потврдил пресудата.

-Соседите на Исмаил на Васил Ѓоргов 18, каде всушност бил станот велат дека Исмаил не живеел во истиот, туку него го користела ќерка му. Исмаил живеел во неговата луксузна хациенда во скопската елитна населба „Бардовци“ која е регистрирана на име сопругата. Исмаил покрај куќата во Бардовци поседува стан на улица „Рузвелтова“, на само 500 метри одалеченост на „Рузвелтова“ 4, Исмаил има уште еден стан од 50 м2, плус помошни простории.  Па така Исмаил додека го држел станот натрупал цело богатство недвижнини низ Скопје, што претставува класичен профил на еден член на СДСМ, кој знаел „добро“ да ги искористи државните ресурси, пишува порталот Журнал.

 

 

извор:курир
#Коментари