четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Со 15.500 амандмани ДУИ го блокираше законот за бранители

Со предлагање на околу 15.500 амандмани ДУИ во 2012 година го блокираше Собранието и го одложуваше носењето на Законот на посебните права на припадниците на безбедносните сили.

 

dui blokada amandmani

Пратениците од ДУИ, кои сега обвинуваат за некаква опструкција на Собранието од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои само го користат правото за дискусија загарантирано со Деловникот и со Закон, очигледно брзо заборавија како ДУИ и конректно Талат Џафери го парализираа Собранието со илјадници амандмани во 2012 година кога Џафери се обидуваше да си го искаже својот револт во Собранието- молчејќи.

Како координитор на пратеничката група на ДУИ во 2012 година, Џафери најави дека партијата ќе го блокира законот за бранители со 15 520 амандмани.

-Како и во редовната постапка, ќе ја искористиме секоја институционална можност да го спречиме донесувањето на законот, изјави тогаш Џафери.

Тој приредувaше вистинско шоу во Комисијата за труд и социјална политика кога со молчење го спречуваше донесувањето на Законот за бранителите. Џафери за време на одржувањето на седница на Комисијата читаше поезија, а тогашната претседателка на Комисијата, Цветанка Иванова, го бранеше дека на тоа има право.

Џафери дури и ги предупредуваше пратениците дека доколку го прекинат неговото молчење, ќе побара збор и повторно ќе молчи.

извор:курир

#Коментари