четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 37

Северина повторно заврши во рацете на овој Македонец: На неговата магија не може да одолее (фото)

Вчеравечер заврши 15-тото издание на најголемиот спектакл во држава. Прилеп повторно докажа дека со право го носи епитетот за најфестивалски град во Македонија, а Пиво фест и годинава ги исполни очекувањата

На последната вечер настапија Димитар Андоновски со Тајфата, Џамбо Агушеви оркестар и балканската мега ѕвезда Северина, која по втор пат гостуваше на овој фестивал.

Пред настапот Севе, како и секогаш се среди до совршенство. Довербата за нејзиниот изглед и овојпат ја довери на магичните раце на Александар Билјановски Дадар.

Стилистот за ова се пофали на социјалните мрежи и гордо напиша дека дивата повторно е во негови раце. Резултатот – беспрекорен!

#Коментари
[fbcomments]