четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 37

(ФОТО) Заврши фестивалот „Пиво Фест 2017“

Уште еден Пиво фестивал за паметење. Сношти заврши петнаесеттото јубилејно издание кое помина во знакот на одличната организација, секогаш вкусната скара, ладното пиво, како и одличната забава каква што доликува за најголемото случување во годината во Македонија.

Во изминатите четири дена посетителите имаа можност да уживаат во различните хитови на популарните ѕвезди и во програмата која ги опфаќа сите генерации.

Четвртата вечер кулминираше со настапот на Тајфата и Димитар Андоновски, Џамбо Агушеви оркестар како и балканската мега ѕвезда Северина.

 

„Јас му се заблагодарувам на градоначалникот и на организаторите што повторно ме поканија да настапам на Пиво Фест тоа значи дека љубовта е заемна, вечерва ќе има добра забава и многу пиво“, кажа Северина.

Градоначалникот Марјан Ристески упати голема благодарност до ЦГИ, организаторите и до сите институции и угостители кои дадоа максимален придонес се да биде во ред и за јубилејниот 15-ти фестивал на пивото и скарата.

Сноши на сцената шармантната и сексипилна водителка Марјана, ги најави добитниците на новата наградна игра односно изборот на најдобра селфи фотографија, а наградените крушевчани имаа можност да се дружат со своите омилени пејачи во бекстејџот и ја добијат маскота мајмун.

Изминатите четири фестивалски дена донесоа многу забава, многу испиено пиво, изедена скара и спомени за вечно паметење. На сцената застанаа многу ѕвезди од земјата и балканот. Фестивалот го оправда мотото „Едноставно најдобри“, под кое се одвиваше оваа година и докажа дека останува број еден најголемо и најмасовно случување во годината во државата.

Извор:Курир.мк

#Коментари