четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 37

Алаѓозовски: „Се отпуштаат компетентни кадри, на нивните места се поставуваат некомпетентни, а за сето тоа ќе го обвиниме политичкиот непријател“

Министерот за култура очигледно има моќи како Баба Ванѓа: Алаѓозовски во 2010-та година точно предвидел каков министер ќе биде во 2017-та. Во својот блог во 2010 година се опишал до детаљ како ќе владее во ресорот. Опишана е партизацијата со некомпетентни кадри и бркање од работа на компетентни, и како за сето тоа ќе го обвини политичкиот непријател односно претходникот на власт.

На блогот насловен Surface Surtuk, Алаѓозовски пишува:

„Сите несреќи, сите петна, изговор за сите потези, дури и оние катастрофичните му се препишуваат на претходниот систем, персонифициран во една личност, која се демонизира до непрепознатливост. Таа станува синоним за општото зло.

На прашањето на Фуере зошто ги отпушта компетентните кадри и на нивните места и позиции поставува нови и некомпетентни, министерот одговара дека тој всушност воведува нова, непартиска, компетентна администрација, а дека претходникот, Бранко е виновен за партизацијата на системот.

По ваквата теза нема повеќе простор во инката. Системот е навлезен во слепо лудило.“

Слепото лудило во кое е влезен Алаѓозовски, а за кое пишува и самиот пред 7 години, доведе до ситуација од директорски позиции на театри во Македонија да се бркаат луѓе затоа што биле блиски со Никола Груевски, односно според проценката на Алаѓозовски и Заев, биле „под контрола“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слепото лудило оди дотаму што Министерството за култура ова и го призна без срам и перде во скандалозното соопштение, напишано од поранешниот невладин профитер Петрит Сараќини кој сега ги води комуникациите на Алаѓозовски.

„Првиот култураш“ на Македонија станал полоша верзија од сето она што го критикувал пред 7 години.

#Коментари