понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

АЛАРМАНТНО ВО ТЕТОВО: Гори депонијата (ФОТО+ВИДЕО)

Алармантна е состојбата во Тетово, изби пожар од дивата депонија. Се случи токму она од кое тетовчани стравува- дека ќе се соочат со истиот проблем како стружани.

Пламените јазици се шират кон силосите за жито на влезот на Тетово. Во близнина има и далековод кој што исто така може да биде зафатен од пожарот.

Домови на тетовчани се наоѓаат на само десетина метри од депонијата. Граѓаните на Тетово неодмна и протестираа и бараа од општинските власти под итно дивата депонија да се да се префрли на друг дел од градот и еднаш за секогаш да се најде трајно решение за овој проблем.

Извор Курир.мк
#Коментари