понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Груевски во Жировница: Моите ветувања веќе се остварени и се користат, жителите во последниот период наидуваат на опструкции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше во посета на селото Жировница, каде разговарал со мештаните.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека при последната посета било ветено, а сега веќе се користи новиот реконструиран пат до населеното место.

-Изворно ме информираа дека по мојата посета се надминал проблемот со користење на здравствените услуги за луѓето кои доаѓаат во овој крај претежно во летниот период и се на печалба, како и проблемот со издавање на пасоши, иако посочија дека во последниот период наидуваат на опструкции и потешкотии кои мора да се надминат и актуелната Влада мора да се ангажира, напиша Груевски на Фејсбук.

Извор Курир.мк

#Коментари