понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Градоначалникот Станков со отчет пред граѓаните: Реализирани се многу проекти за подобар живот на жителите на Зрновци

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со својата практика на отчетност пред граѓаните. Денеска отчет за својта работа даде градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков. Тој кажа дека пред четири години тие искочиле со проекти кои ги ветиле пред граѓаните, многу од нив кажа дека се реализирани за подобар живот на граѓаните.

 

-Само намалувајќи ги и решавајќи ги трајно вашите и наши проблеми, дадовме заеднички придонес општината да биде општината подобро и поубаво место за живеење, со вашата поддршка ветени проекти станаа реалност. Во четиригодишниот период Општина Зрновци, доследно и посветено ги реализираше ветените проекти во сите области значајни за граѓаните, изјави Станков.

Тој кажа дека било инвестирано во сообраќајот, комуналните дејности и урбаното живеење. Станков надополни дека учиниците имаат услови за настава како никогаш досега, Зрновци доби нова спортска сала, кажа градоначалникот. Тој потенцираше дека Општина Зрновци редовно ги стипендира најдобрите 10 ученици за школување во високото образование.

Градоначалникот кажа дека била изградена и фекална канализација во неколку населени места.

-На секоја нова улица изградивме атмосферска канализација. Изградивме парк во село Видовиште со што созададовме услови за рекреација и одмор на сите возрасни групи од ова место. Изградивме и уредивме плоштад во село Зрновци, со изградбата на овој плоштад ја задоволивме потребата на јавен простор за одржување на јавни случувања, изјави Станков.

Тој кажа дека придонесот што го дава земјоделството за жителите на Зрновци е голем, поради тоа големи инвестиции имало и во овој сегмент. Тој кажа дека доста било инвестирано и во туризмот во општината.

-Најмногу од се сум горд на регионалниот пат Видовиште-Теренци. Со реализација на овој проект Општина Зрновци доби уште една нова сообраќајна алтернатива која несомнено ќе допринесе за развор на локалната економија. Почитувани граѓани на Зрновци, од се срце ви благодарам на досегашната доверба и поддршка со надеж дека сте задоволни од досегашната работа на општината, изјави градоначалникот.

извор:курир

#Коментари