понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

(ФОТО)Лоба има двојничка меѓу колешките: Си личат како сестри – погодувате која е?

Според некое непишано правило, секој од нас има свој двојник некаде на планетата, кој наликува физички или карактерно на нас. Ми личиш на овој или оној, е фраза која често знаеме да ја слушнеме или изговориме.

Па така, кога веќе ги бараме сличностите, тогаш несомнена е споредбата меѓу нашата убава пејачка Викторија Лоба и хрватската поп-пејачка Јелена Розга.

Двете имаат сличности во поглед на физичкиот изглед, што од фризурата, длабоките сини очи, нежниот бел тен, стилот на облекување, па дури и насмевката.

Секако, освен физичкото двете ги поврзува професијата. Обете пленат со  својот шарм, сексапил и талент, едната руско македонски, дургата медитерански.

Иако и двете не се обожаватели на апликации по социјалните мрежи кои откриваат на кој познат лик потсетувате, ние ја направивме споредбата за нашата пејачка, која веруваме ќе се сложи на ова „препознавање“.

 

#Коментари
[fbcomments]