понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

(ФОТО) Машала: Јана Бурче во последните месеци од бременоста – пејачката брои ситно до НАЈГОЛЕМАТА СРЕЌА!

Јана Бурческа полека се подготвува за преземањето на новата улога во животот – ќе стане мајка.

24 годишната пејачка во месец мај откри дека со својот сопруг Александар ќе се реализираат како родители, а сега неколку месеци подоцна, Јана веќе брои ситно со породувањето.

Иако нејзиното стомаче е доста нараснато, пејачката не мирува, туку напротив ги извршува своите секојдневни активности во ист интензитет. Па така деновиве присуствуваше на настанот организиран од Уницеф, поддржувајќи ја кампањата за мобилизирање на јавната свест за широка поддршка за правата и вклучувањето на децата со попреченост.

По тој повод, Јана се појави меѓу присутните, а како и секогаш блесна со насмевка и позитивна енергија, облечена во едноставна кежуал комбинација од макси кошула со цветен принт од која сепак се издвои трудничкото стомаче.

За потсетување, Јана објави дека е бремена непосредно пред да настапи на евровизиската сцена, а истата вечер доби и предлог за брак, додека летово направи и свадба.

#Коментари
[fbcomments]