понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

Кејт Мидлтон донесе одлука која ги изненади сите, особено кралицата Елизабета!

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам често не се држат до правилата и традицијата на кралското семејство, па оваа одлука сите ги изненади.

Британските таблоиди пишуваат дека Кејт донела одлука во духот на традицијата на кралското семејство, но оваа одлука нема да и се допадне на кралицата Елизабета.

Кејт одлучила третото дете да го роди во нивниот дом. Иако и самата своите деца ги родила во Бекингамската палата, кралицата Елизабета смета дека денес посигурно е породувањето да се врши во болница.

Причината поради која Кејт сака третото дете да го роди во Кенсингтонската палатата не е враќање на традицијата, туку тоа што војводката на овој начин сака да избегне средба со медиуми.

Откако ги родила принцот Џорџ и принцезата Шарлот пред болницата ги дочекале војска од новинари и фоторепортери, а Кејт лошо ја поднела оваа средба. Таа желба ја имала и пред раѓањето на малата Шарлот, но во тоа ја предомислиле Вилијам и кралицата.

#Коментари
[fbcomments]