понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

Бред Пит гради луксузен ресорт од 1,5 милијарди долари во Хрватска?

Познатиот актер наводно планира да издвои огромна сума на пари за оваа инвестиција.

Бред Пит наводно планира да изгради луксузен ресорт во кој ќе има луксузни хотели, вили, голф терени, продавници и ресторани и тоа во малото хрватско градче Заблаче, кое се наоѓа недалеку од Шибеник. Целата инвестиција наводно ќе чини околу 1.5 милијарди долари, а наводно една швајцарска холдинг компанија издвоила 70 милиони долари за изградба.

Американскиот актер кој е навистина заинтересиран за овој проект, минатиот четврток допатувал во Задар, а потоа тргнал во обиколка на далматинската обала. После тоа бил сместен во еден луксузен хотел во Шибеник.

Инаку претходно Бред Пит има престојувано во Хрватска заедно со Анџелина Џоли, кога биле на заеднички одмор со децата. Како што се зборува, тогаш актерот изјавил дека Хрватска е најубавата земја на светот која некогаш ја посетил.

#Коментари
[fbcomments]