недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 37

„5 минути Вистина“ на Радио Слободна Македонија

Уникатни, впечатливи, единствени… Не бренд за себе, туку бренд сам по себе. Препознатлив штом му се спомене името. Ги создаваме информации наместо да чекаме сами да ни дојдат,  им одиме во пресрет на настаните и збиднувањата, наместо да чекаме некој друг да ни раскаже што таму се случило, а ние само тоа да го преџвакаме.  Секојдневно гребеме под површината за да ја ископаме вистината, наместо компромисно да Ви сервираме фингирани приказни, испеглани информации, премолчени факти… од естрадата, забавата,музиката, филмот,телевизијата, модата,  светот на познатите, биле тие пејачи, актери, водители, манекенки, модели, политичари…!

Интригантни и забавни, провокативни и шокантни, гламурозни и екстравагантни, хумористични и сатирични, но и едукативни и издржани, омилени и омрзнати, информативни и промотивни, сериозни и ригорозни, доблесни и бескомпромисни… Се со цел да Ви ја доближиме реалноста. Да Ви ја понудиме вистината на дланка, зошто како што велат, секој има своја вистина, но само една е „вистинска“. Или како што ние велиме: Само една е Вистина.мк, се друго е … Знаете веќе што.

Затоа, останете со нас. Секој понеделник од 12 до 13  часот во “5 минути Вистина“ на фреквенциите на Радио Слободна Македонија, или 24/7 на vistina.mk  Ние не нудиме само повеќе. Нудиме нешто сосема поразлично! Вистина.мк Се друго е …!